Во средата, НАСА случајно емитуваше симулација на криза на Меѓународната вселенска станица (ISS) откако астронаут страда од болест на декомпресија, што предизвика многу шпекулации на социјалните мрежи.
Каналот на НАСА на Youtube емитуваше аудио во живо што укажува дека член на екипажот боледува од болест на декомпресија, објави НАСА на официјалниот профил на ISS на пларформата „Икс“.
На видеото се слуша женски глас кој бара од членовите на екипажот „да го вратат командантот во одело“, да му го проверат пулсот и да го снабдат со кислород. Подоцна вели дека командантот има мали шанси да преживее.
После тоа, корисниците на социјалните мрежи започнаа да шират вести за кризата на ISS.
There is no emergency situation going on aboard the International Space Station. At approximately 5:28 p.m. CDT, audio was aired on the NASA livestream from a simulation audio channel on the ground indicating a crew member was experiencing effects related to decompression…
— International Space Station (@Space_Station) June 13, 2024
„Овој звук, поради ненамерна грешка, беше пренасочен од тековната симулација во која членовите на екипажот и копнените тимови тренираат за различни сценарија во вселената. Тој не е поврзан со вистински итен случај“, објави ISS, додавајќи дека нема итни ситуации.
Болеста на декомпресија, која се јавува кога меурчиња од азот или друг гас се формираат во крвта поради промена на атмосферскиот притисок, може да влијае на централниот нервен систем и е потенцијално фатална.
Членовите на екипажот на ISS спиеле во моментот на емитување на симулацијата, објави ISS.
Поврзани артикли