Ретка конзола Xbox донирана во добротворна организација може да собере илјадници фунти на аукција.

Станува збор за зелен уред за игри, направен за да го одбележи филмот Hulk од 2003 година, а она што го прави скапоцен е тоа што има само 36 примероци.

Уредот е „великодушно дониран“ на добротворната организација „British Heart“ во Оксфорд, а се очекува да достигне цена од околу 9.000 фунти на хуманитарната аукција.

Конзолата е во добра состојба и може да се користи, а онлајн продажбата ќе трае до 15 јуни.

Тоа е уред што може да се добие само како награда на греб-картичка во кината во Велика Британија.

„Во Америка, зелениот Xbox е направен за брендот Mountain Dew. Ги има 5.000 и тие се многу барани, па овие конзоли се уште поретки. Има мали шанси да се најде друга”, велат од BHF.

Парите од продажбата, инаку, ќе одат за истражување на кардиоваскуларни болести.