Apple потпиша договор со OpenAI за интегрирање на ChatGPT во iOS 18.
Компанијата наводно преговарала и со Google и со OpenAI за интегрирање на chatbot во iOS 18, но на крајот постигнала договор со OpenAI. Оваа информација доаѓа од неделниот билтен PowerOn на Марк Гурман на Bloomberg.
Ова партнерство се очекува да биде дел од најавите на годишната светска конференција за програмери на Apple (WWDC), која ќе се одржи од 10 до 14 јуни оваа година. Се наведува дека Apple признава оти не може да се натпреварува во најжешката област на технологијата за вештачка интелигенција, но договорот со OpenAI им го дава најнапредниот четбот и потенцијална предност во однос на уредите на Samsung кои користат Gemini AI.
Сепак, Гурман забележува дека ова партнерство доаѓа со одредени ризици поради растечката контроверзност околу OpenAI, вклучително и неодамнешните спорови и несигурната корпоративна структура, која вклучуваше кратко отстранување на нејзиниот извршен директор минатата година. Поради ова, Apple сè уште работи на постигнување договор со Google за Gemini да биде опција, но не се очекува да биде претставен во јуни.
Ако Apple одлучи да вклучи и други производители на чет-ботови, тоа најверојатно ќе го направи на индивидуална основа, што значи дека внимателно ќе избере со кого ќе склучи договор, пренесе „Тајмс оф Индија“.