Европската Унија нема доволно станици за полнење на електрични автомобили, предупреди здружението на производители ACEA, нагласувајќи дека темпото на нивното поставување заостанува зад продажбата.
Од 2017 година, продажбата на електрични автомобили расте три пати побрзо од бројот на станици за полнење, според ACEA. За да се израмни, ЕУ мора значително да го забрза темпото на инсталација до 2030 година, предупреди здружението.
Компаниите инвестираа големи суми во производството на електрични возила, а ЕУ планира да ја забрани продажбата на нови возила напојувани со фосилни горива во следната деценија.
„Постигнувањето на амбициозните цели на Европа за намалување на CO2 бара масовно усвојување на електрични автомобили на сите пазари на ЕУ, а тоа не може да се постигне без широко достапна јавна инфраструктура за полнење“, рече генералниот секретар на ACEA, Сигрид де Врис во изјавата.
Европската комисија проценува дека до 2030 година треба да бидат изградени 3,5 милиони станици.
За да се постигне оваа цел, треба да се поставуваат осум илјади неделно, пресмета АЦЕА, што би значело дека темпото на инсталација треба да биде трипати побрзо.
Поврзани артикли