Оние кои се малку постари добро се сеќаваат на функцијата Poke, односно боцкање што не служеше за друга цел освен прописно да ве изнервира.
Но, Facebook сега одлучи да врати една од своите први функции и поради некоја причина, на генерацијата Z навистина и се допаѓа трикот.
Во тие дамнешни години, боцкањето најчесто се користело како очајнички обид да се флертува со симпатија, односно да привлече внимание или едноставно – да се изнервира пријател.
@sbsondemand Bring back the Facebook poke. Titans of Tech | Wednesday 8:30PM on SBS VICELAND. #facebook #socialmedia #zuckerberg #poke ♬ original sound – SBS On Demand
Сега, 20 години по создавањето на Facebook, Meta реши да врати една од своите први функции. Имено, иако Poke технички никогаш не исчезна од Facebook, тој беше „закопан“ некаде во поставките и беше речиси невозможно да се најде, но сега можеби веќе сте ја забележале опцијата Poke на дното на прелистувачот каде што пишува „Повеќе идеи на Facebook“.
@theemrazz We dont need to talk about the poke war that my high school bf and I had okay. It was cute at the time!!! #singlegirldating #flirtinggoals #facebookpoke #findingyourperson #eldergenz #youngmillennial ♬ Untitled – Slowed & Reverb – JOIE GREY
Meta тврди дека оваа функција оживеала и дека дури 50 отсто од корисниците на возраст меѓу 18 и 29 години ја користеле, но членовите на генерацијата Z имаат многу специфична причина зошто им се допаѓа оваа функција.
Откако открија дека Poke на Facebook значи дека му се восхитувате на некого, генерацијата Z целосно полуде по оваа функција. Видеата од боцкањето ја преплавија нивната омилена платформа TikTok, а некои луѓе навистина не разбраа за што се работи.
@rumii_always.lose Crush Pokeတာခံရဖူးပြီလား🫰🏻 [tg channel – @channel_by_rebeko] #tiktokuni #fyppp #amedit #fb #poke #foryoupage #tiktokuni #loser_rumii ♬ original sound – Minako Rumii
„Тоа е јазикот на љубовта“, „Ја боцнав мојата симпатија и тој ме возврати“, „Еј, чекај малку, сега ме боцна мојот најдобар пријател, што значи тоа?“, се дел од коментарите.