Германскиот производител на автомобили „бмв“ започна со изградба на нова фабрика за батерии за електрични возила во Германија, потврди портпаролот на компанијата.
Фабриката во баварските градови Ирбах и Штраскирхен треба да произведува до 600.000 високонапонски батерии годишно и да вработи околу 1.600 работници.
Локалната самоуправа издаде одобренија за градба минатата недела и покрај поплаките за губење на вредни обработливи површини. На референдумот одржан минатата есен, јасно мнозинство граѓани ја поддржаа изградбата на фабриката во Штраскирхен, забележува новинската агенција дпа.
БМВ избра меѓу 20 можни локации, а Ирбах и Штраскирхен беа избрани поради нивната близина до фабриката на компанијата во Баварија, каде што батериите ќе се вградуваат во електричните возила.