OpenAI, наводно, го демонстрираше GPT-5, следната генерација на својот јазичен модел на вештачка интелигенција, на потенцијалните клиенти – и тие се многу импресионирани од она што се нуди.
Сем Алтман, извршен директор на OpenAI, во едно неодамнешно интервју истакна: „Навистина е одлично, материјално е подобро“. Тој истакнува дека во демото новиот модел со вештачка интелигенција користел уникатни примери и случаи, а ги најави и досега невидените можности на новиот модел со вештачка интелигенција.
OpenAI очекува GPT-5 да биде објавен ова лето, иако упатени извори велат дека јазичниот модел сè уште се обучува и тестира од „бели хакери“ за да се подобри неговата безбедност.
Интересно е што за време на интервјуто Алтман малку и на шега го навреди актуелниот модел со вештачка интелигенција на неговата компанија: „Мислам дека GPT-4 не чини. Ќе издадеме исклучителен нов модел оваа година. Не знам како ќе го наречеме“.
За време на истото интервју, Алтман одби да одговори на прашање за тајниот Q* проект на OpenAI, што во еден момент доведе до отказ на Алтман од компанијата, по што тој набрзо се врати како извршен директор.
Поврзани артикли