Таблетот се одликува со препознатливото пенкало S Pen, елегантен дизајн и долготрајна моќ за извршување на работите
Samsung Electronics денес го објави Galaxy Tab S6 Lite (2024), стилски таблет дизајниран и за работа и за игра. Заедно со високопрецизното пенкало S Pen и нудејќи сигурна моќ во перформансите, Galaxy Tab S6 Lite (2024) ја максимизира инспирацијата, идеите и резултатите за студентите, младите професионалци и семејствата подеднакво.
„Ние во Samsung сме свесни дека животот е брз, работата е динамична и на потрошувачите им е потребен уред, кој може да биде во чекор со нивниот зафатен секојдневен начин на живот“, рече Џунхо Парк (Junho Park), потпретседател и раководител на тимот за планирање производи на Galaxy Ecosystem, MX Business во Samsung Electronics. „Galaxy Tab S6 Lite (2024) и неговото пенкало S Pen се врвни придружници за беспрекорно комбинирање на продуктивноста со забавата и креативноста, овозможувајќи им на луѓето да прават повеќе од она во што уживаат додека се во движење.“
Ново ниво во продуктивноста на бележењето
Galaxy Tab S6 Lite овозможува полесно и попријатно бележење идеи од кога било. Доаѓа во комплет со пенкало S Pen, кое е дизајнирано да ја зачува удобноста, дури и кога се држи долг временски период. Корисниците ќе уживаат да пишуваат или цртаат со пенкалото S Pen без разлика дали цртаат во Samsung Notes или ги запишуваат своите мисли – без отклучување на таблетот. И без потреба од посебен полнач, пенкалото S Pen е спремно кога и да се појави креативноста.
Носејќи ја продуктивноста уште подалеку, Galaxy Tab S6 Lite е целосно компатибилен со Galaxy уредите, вклучувајќи ги и слушалките Galaxy Buds FE, кои нудат непречено поврзување помеѓу повеќе уреди, за корисниците да можат да ја прошират својата креативност и да постигнат повеќе според сопствените услови во екосистемот Galaxy.
Стилски, пренослив и способен изведувач
Galaxy Tab S6 Lite (2024) нуди стилски дизајн, со премиум металик изглед достапен во ментол зелена, шифон розова и Оксфорд сива боја. Таблетот е компактен и лесен за зголемена преносливост, со тежина од само 465 g за безжичната верзија или 467 g кога е опремен со LTE. Дополнително, 10,4-инчниот екран на Galaxy Tab S6 Lite и тенката, симетрична рамка од 9 мм овозможуваат секоја верзија на таблетот да обезбеди пријатно доживување при гледањето.
Заедно со одличната продуктивност и функциите за забава, Galaxy Tab S6 Lite (2024) нуди долго траење на батеријата што овозможува 14-часовна непрекината репродукција на видео, обезбедувајќи им на корисниците сигурен уред за воодушевувачко искуство при гледање и креативна слобода. Бидејќи таблетот може без напор да менува апликации, корисниците ќе можат да искусат и поефикасен мултитаскинг.
Достапност
Galaxy Tab S6 Lite (2024) WIFI 4 + 64 GB ќе биде достапен од 28 март по препорачана малопродажна цена од 25,999 денари, додека Galaxy Tab S6 Lite 2024 LTE 4 + 64 GB ќе биде достапен од 29,999 денари.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, лиените и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.