Социјалната мрежа TikTok денеска испрати известување до некои корисници во САД.
TikTok ги повика корисниците да побараат од нивните сенатори да гласаат против предлог-законот со кој би се забранила апликацијата во САД, освен ако кинеската ByteDance не ја продаде на друга компанија.
„Кажете му на вашиот сенатор колку ви е важен TikTok. Замолете ги да гласаат против забраната на TikTok“, се вели во известувањето, пренесува Reuters.
Се додава дека ако Сенатот го усвои нацрт-законот, „иднината на заедницата TikTok што ја сакате може да биде згасната“.
Претходно оваа недела, Претставничкиот дом на САД со големо мнозинство гласаше за одобрување на нацрт-законот кој му дава на ByteDance шест месеци да ја продаде апликацијата.
Ако не го стори тоа, TikTok ќе биде забранет во САД, според законот.
Белата куќа претходно најави дека Сенатот треба брзо да го усвои законот, а претседателот Џозеф Бајден посочи дека ќе го потпише.