Во секојдневната трка со времето која секој од нас ја живее, особено кога станува збор за навремено извршување на професионалните обврски, можноста да можеме многу работи да завршуваме од нашиот смартфон додека ме во движење е повеќе од добредојдена.
Едни од идеалните уреди кои ќе ви го овозможат ова се веќе добропознатите телефони на преклоп од 5-та генерација на Зет серијата (Series Z) на Самсунг.
Земете го на пример Galaxy Z Fold5 кој вистински ќе ве изненади со сите можности кои ги пружа да го користите вашиот телефон како таблет, при тоа отворајќи нови начини за максимизирање на на вашата продуктивност со одличните опции за извршување на вашите секојдневни професионални обврски во секое време и од било каде и да се наоѓате.
Главниот екран на Galaxy Z Fold5 кога е отворен, во целост може да го замени вашиот тaблет, па дури и компјутерот, што за сите професионалци е од огромно значење – да имате пристап до она што ви треба во секое време преку вашиот телефон и кога сте во движење. Моќта на извонредниот, голем екран со елегантен дизајн, нуди неспоредлива леснотија при носењето на овој уред со тежина од само 253 грама и дебелина на телефонот од 13,4 мм. И покрај овие подобрени параметри во изгледот, перформансите и функциите на телефонот се на завидливо ниво. Главниот екран од 7,6 инчи на Galaxy Z Fold5 е заслужен за револуционерното искуство за мултитаскинг на мобилен телефон, кој ви нуди широк опсег на подобрени функции како подобрената лента со задачи, влечење и спуштање со две раце и функцијата скриен скокачки прозорец, со што на лесен едноставен начин ќе можете да извршувате повеќе задачи и да пренесувате содржини помеѓу повеќе апликации.
Дополнително, потенкиот и покомпактен дизајн на пенкалото S Pen Fold Edition ќе ви овозможи да ја ослободите својата креативност во секое време, на кое било место. Кога и да имате нова идеја, инспирација или решение за одреден проблем, веднаш можете со S Pen пенкалото да ги впишете на екранот на Galaxy Z Fold5, чија големина повторно нема да ја ограничува вашата имагинација. Ова е овозможено од GoodNotes апликацијата, која освен што значително ќе ви помогне ништо да не пропуштите, ќе придонесе и при остварување на поголема организираност.
Но, не е само Galaxy Z Fold5, со својот двојно поголем екран кога е отворен, одличен уред за извршување на вашите работни задачи надвор од канцеларијата. Еднакво толку е атрактивен и Galaxy Z Flip5, кој иако двојно помал кога е преклопен, го претставува првиот избор за смартфон особено кај припадничките на убавиот пол. Ова не е резултат само на неодоливиот дизајн на овој уред, туку и подобрените функции и перформанси.
Мерено дијагонално неговвиот надворешен екран изнесува 3,4 инчи во целосна правоаголна форма, а реалната видлива површина е приближно 95% од вкупната површина. Кога е затворен нуди повеќе можности од кога било досега. Преку функцијата Flex Window брзо и лесно ќе пристапувате до важните информации, а со еден поглед ќе можете да ги прегледате сите графички контроли, додека истовремено се префрлате од една во друга со активирање на функцијата Multi Widget View. Зарем не е супер? Без да треба да го отворате уредот, можете да ја прегледате историјата на повици за да враќате пропуштени повици и да одговарате на пораки во движење користејќи Quick Reply со целосна QWERTY тастатура и приказ на историја на повици.
Благодарение на Samsung екосистемот, вашиот мобилен телефон Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5 можете многу лесно да го поврзете со вашиот извонреден таблет од серијата Galaxy Tab S9 и да уживате во неспоредливо корисничко искуство. Користењето на сите креативни алатки е лесно кога таблетите Galaxy Tab S9 се поврзани со други уреди, при што со опцијата Multi-Control беспрекорно ќе можете да копирате, лепите или влечете текст или слики директно помеѓу таблетот и паметниот телефон. И не само тоа, туку без проблем ќе можете да сликате и снимате видеа и да ги пренесувате од вашиот Galaxy телефон на таблетот, како и да пренесувате датотеки.
Без разлика дали ќе изберете Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ или Galaxy Tab S9 Ultra, вашиот таблет ќе го има најголемиот Dynamic AMOLED 2X екран произведен од Samsung. Ќе бидете изненадени од остри и јасни детали со широк спектар на светли бои и целосна црна, благодарение на подобрената визуелност со HDR10+ и непреченото лизгање до 120 Hz. Потенки, но помоќни од претходните модели, таблетите Galaxy Tab S9 се опремени со истиот молскавичен предводник на мобилниот процесор, Snapdragon® 8 Gen 2 Galaxy Mobile Platform. Исто така, постои функција за заштита на видот која го намалува оптоварувањето на вашите очи при слаба осветленост, а при прегледување на содржината на вашиот нов таблет, ќе ги забележите дури и најситните детали, прецизни и јасни. Ова подобрување во гледањето важи и ако сакате да уживате во вашата содржина на таблетот на отворено, при што иновативната технологија Vision Booster автоматски ќе ги регистрира условите при силна светлина и соодветно ќе го прилагоди екранот за да го направи искуството уште подобро. Сите напредни функции на таблетите од серијата Galaxy Tab S9 ви овозможуваат да поминувате долги часови на стриминг, играње игри, гледање содржина, читање или работа.
Извонредниот екран на сите три модели на таблети од оваа е идеална позадина за секој проект на кој, со опцијата Multi Window можете да поврзете до три апликации како организирана мрежа на лесно приспособливи прозорци.
Повеќе информации за уредите прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/
https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/