HMD потпиша партнерство со Mattel за развој на телефон базиран на најпопуларната кукла во историјата.
Иако помина повеќе од половина година од прикажувањето на филмот во кината, се чини дека барбиманијата се уште трае бидејќи официјалниот телефон Барби беше најавен на најголемиот светски саем за мобилни уреди, Светскиот конгрес за мобилни телефони, кој моментално се одржува во Барселона.
Без камера, но со батерија која може да трае еден месец: уредите на Nokia се наменети првенствено за остварување повици.
Овој уред го најави компанијата HMD (Human Mobile Devices), која е најпозната по производството на Nokia телефони, а сега потпишаа партнерство со Mattel, благодарение на што љубителите на популарната кукла ќе можат да купат официјален Барби телефон. Засега HMD само што ја објави презентацијата на уредот, но се уште не ги објавија неговите фотографии, ниту цената, а засега она што е познато е дека телефонот Барби ќе биде розов уред.
Поврзани артикли