ChatGPT има проблеми во работењето, што се рефлектира со испраќање чудни пораки до корисниците.
Во последните часови, овој четбот одговара на прашањата на некои корисници со долги и бесмислени пораки, мешајќи јазици и ги загрижува корисниците, сугерирајќи дека е „во собата со нив“.
Во еден пример објавен на Reddit, корисник разговара со ChatGPT за џез албуми, а одговорот на машината брзо станува: „Среќно слушање!“ и слични глупости. Друг корисник праша „Што е компјутер? доби параграфи и параграфи глупости.
„Функционира како добра уметничка мрежа за земјата, глушец на науката, лесно извлекување на неколку тажни работи и конечно, таа е светска куќа на уметноста, само на една работа во вкупниот одмор“, пишува еден пример за одговорот на тоа прашање.
Во друг пример, ChatGPT изговори глупост кога беше прашан како да се исушат доматите. Еден од чекорите им сугерираше на корисниците „да го користат како некој близок“ и „да остават залак од плодот во својата сакана кујна“. Некои корисници напишаа дека системот ја губи контролата врз јазиците што ги зборува, а некои добија загрижувачки одговори на прашања.
Запрашан за помош околу проблемот со кодирањето, ChatGPT напиша долг, необичен и главно бесмислен одговор кој ја вклучуваше фразата „Ајде да се однесуваме како да е вештачката интелигенција во собата“.
На официјалната веб-страница OpenAI напиша дека ги забележале проблемите и работат на нивно отстранување, но не и кои се причините.
Поврзани артикли