Netflix ги објави новите покачувања на цените во своето последно писмо до инвеститорите.
„Како што го подобруваме Netflix, повремено ќе бараме од нашите корисници да платат малку повеќе за да ги оправдаат овие подобрувања, што пак ќе донесе нови инвестиции и унапредувања на нашите услуги“, велат од компанијата.
Netflix лансираше верзија поддржана од реклами во ноември 2022 година, а покрај тоа, тргна во борба против споделувањето лозинки.
На почетокот на месецов објавија дека имаат 23 милиони активни корисници во рекламниот сегмент, што според прогнозите на експертите е меѓу 12 и 15 милиони претплатници.
Инаку, Netflix има повеќе од 260 милиони претплатници ширум светот, а цената за рекламниот сегмент во САД чини 6,99 долари и не е зголемена откако е воведен.
Netflix во писмото до инвеститорите не наведува колку планира да ги зголеми цените ниту за кои региони се однесува. Во секој случај, можно е во секој момент да се воведе поскапување за овој регион, штом ќе почне.