The House of Tesla е нова авантуристичка игра, која се фокусира на енигматичен пронаоѓач.
Програмерот Blue Brain Games од Словачка веќе некое време го навестува својот нов проект на платформата X. Во прашање е играта The House of Tesla, која на играчот ќе му даде увид во светот на познатиот пронаоѓач.
The House of Tesla ќе биде авантура со загатки, која ќе се игра од перспектива на прво лице. Ќе се појави подоцна во 2024 година за компјутер, додека 2025 се очекува за конзоли и мобилни уреди.
The House of Tesla is a new mesmerising 3D puzzle adventure by Blue Brain Games. Stay charged for game trailer & more info. Coming late 2024. pic.twitter.com/Y2tiBlDFmH
— Blue Brain Games (@BlueBrainGames) January 17, 2024
Програмерите ветуваат дека The House of Tesla ќе има уникатни загатки, прекрасни локации и различни предизвици, кои ќе им бидат достапни на играчите.
Повеќе информации, како и официјален трејлер, ќе бидат достапни во иднина. Засега имаме тизер трејлер кој ја најавува оваа игра.
Blue Brain Games претходно објави сличен формат на игра, наречена The House of Da Vinci.
Поврзани артикли