Проектот Титан, кој се однесува на производство на електричен автомобил, компанијата Apple го лансираше пред 9 години. Сега, тие имаат нови прогнози за тоа кога ова може да се оствари.
Оригиналниот план беше да се направи целосно автономно возило без волан, но сега е одреден нов датум за првиот електричен автомобил на Apple – 2028 година, како што пренесува Блумберг.
Apple работи на технологија за автономно возење веќе една деценија, но нивната визија се чини дека е премногу амбициозна, па се предвидува дека тие ќе понудат слично ниво на автономија како што ја има компанијата Tesla во 2028 година.
Ова значи дека од возачите ќе се бара да обрнат внимание и да бидат подготвени да ги преземат контролите – накратко, тоа е ниво на автономија 2+, кое требаше да биде ниво на автономија 4.
Во 2023 година, одборот на компанијата со седиште во Купертино изврши притисок врз извршниот директор Тим Кук да направи јасен план за проектот Титан или целосно да го укине, според Блумберг.
Намалените очекувања значат дека тој конечно ќе влезе во производство, но постојат сомнежи за тоа колку автомобилот би можел да биде иновативен, а некои вработени предупредуваат дека тоа е само уште еден проект во кој влегува Apple за да се појави на пазарот.