Oppo го претстави својот најнов врвен телефон – Find X7 Ultra и го краси напреден систем на камера.
Oppo Find X7 Ultra е официјализиран и тој е првиот телефон во индустријата кој има две перископ телефото камери и првиот што користи 1-инчен Sony LYT-900 сензор.
Моделот Find X7 Ultra располага со 6,82-инчен LTPO OLED дисплеј, со QHD+ резолуција, стапка на освежување од 120 Hz и осветленост до 4500 нити. Екранот поддржува ProXDR, односно Ultra HDR формат на слика.
OPPO Find X7 Ultra’s 📸 camera setup is crazy! All 4 are Sony 50MP sensors.
50MP LYT-900 Main
50MP LYT-600 UW
50MP IMX890 3X Telephoto
50MP IMX858 6x TelephotoNeed to try this out. #OPPOFindX7series #OPPOFindX7Ultra pic.twitter.com/6S58RIoQxv
— Ishan Agarwal (@ishanagarwal24) January 8, 2024
Телефонот се напојува со најновиот чипсет Qualcomm Snapdragon 8 Gen 3, комбиниран со до 16 GB LPDDR5X RAM и до 512 GB простор за складирање UFS 4.0.
Се разбира, камерите се главната атракција на Oppo Find X7 Ultra – и со добра причина. Oppo има имплементирано четири сензори од 50 MP, вклучително и втора генерација 1-инчен сензор Sony LYT-900, кој има отвор f/1.8 и поддржува оптичка стабилизација.
Уникатно решение е двојната перископска камера. Oppo ја задржа 65mm 3x перископската камера со Sony IMX890 сензор од моделот Find X6 Pro. Сензорот нуди светла решетка f/2.6, поддршка за OIS и минимален фокус од растојание од 25 см.
Камерата со ултра широк агол користи и сензор на Sony (LYT-600), а има и 6x телефото камера од 135 mm, со поддршка за OIS и фокусирање од 35 см.
Oppo Find X7 Ultra се напојува од батерија со капацитет од 5000 mAh, со поддршка за 100W полнење преку кабел и 50W безжично полнење.
Оперативниот систем е Android 14, со ColorOS кориснички интерфејс на компанијата.
Oppo Find X7 Ultra моментално е достапен само во Кина, по почетна цена од околу 840 долари за моделот 12/256 GB до околу 980 долари за опцијата 16/512 GB.