Илон Маск предложи MrBeast да ја прикачи својата видео содржина и на платформата X, а познатиот јутјубер му одговори.
MrBeast, најпопуларниот јутјубер во светот, остро му одговори на милијардерот Илон Маск, на неговото барање MrBeast да поставува содржини и на платформата X.
„Прикачив, погледни или ќе те шутнам“, објави MrBeast во шеговит твит на платформата X.
Yeah
— Elon Musk (@elonmusk) December 30, 2023
На тоа еден корисник одговори со прашање дека би можел MrBeast да прикачува содржина и на платформата X. Во разговорот се вклучи и Илон Маск, кој е сопственик на X, кој ја потврди таа желба.
Во својот одговор, MrBeast истакна: „Моите видеа чинат милиони за создавање, па дури и да добијат милијарда прегледи на X, тоа нема да финансира ни мал дел од тој трошок“.
My videos cost millions to make and even if they got a billion views on X it wouldn’t fund a fraction of it :/
I’m down though to test stuff once monetization is really cranking!
— MrBeast (@MrBeast) December 30, 2023
Тој додаде дека е подготвен да ја тестира оваа опција кога монетизацијата на платформата X ќе стане профитабилна.
Во текот на 2022 година, во интервју, MrBeast истакна дека создавањето и производството на неговите видеа често чинат милиони долари. Тој истакна дека може да креира поевтини видеа, но не сака.
Платформата X ја започна својата програма за споделување приходи со креаторите минатата година.