Како во приказна од научно-фантастичен хорор филм, научниците успеаја да го спојат биолошкото со електронското.
Студијата е објавена во списанието „Nature Electronics“ и во неа се наведува дека е создаден „хибриден биокомпјутер“ во кој лабораториски одгледувано човечко мозочно ткиво („органоид“) е комбинирано со традиционални електрични кола и вештачка интелигенција.
Овој систем е наречен „Brainoware“, а научниците успеале да го обучат за да може да идентификува гласови со 78% точност. Еден ден, тие се надеваат, тоа би можело да доведе до силиконски микрочипови поврзани со невроните.
Како што рекоа научниците, органоидот го ставиле во контејнер на кој имало илјадници мали електроди и на тој начин ги поврзале. Колата „ја преведоа потребните информации во шема на електронски импулси“.
Мозочното ткиво потоа било „научено“ да препознава човечки гласови, врз основа на 240 снимки од осум луѓе кои зборуваат. Органскиот дел различно реагирал на секој од овие гласови, а заклучокот е дека ги препознава во 78% од случаите.
Овој проект тимот го гледа како обид да се докаже можноста за успех на концептот и засега нема никаква практична примена.
Меѓу најголемите проблеми што би се однесувале на таа практична примена е како да се одржат органоидите во живот, бидејќи тоа би вклучувало многу посложена технологија.
Поврзани артикли