Поправена е грешката поради која некои играчи на Call of Duty: Modern Warfare III беа банирани.
Неодамна се појави информација дека некои играчи на Call of Duty: Modern Warfare III се забранети, а тоа се однесува на оние кои пристапувале до играта преку услугата Nvidia GeForce Now. Сега тој проблем е решен.
An issue has been resolved in which Players who accessed the game through cloud services received improper account enforcements.
We have identified a small number of accounts impacted by this issue and are working to rollback unwarranted account…
— Call of Duty Updates (@CODUpdates) December 1, 2023
Modern Warfare III пристигна на услугата за стриминг GeForce Now на Nvidia, а според извештаите, играчите што го користат овој производ за игри на облак биле откриени како измамници од системот.
За среќа, Activision брзо реагираше и објави решение за проблемот. Од компанијата посочуваат дека помал број играчи биле погодени од ваквата состојба, а забраните кои биле имплементирани се веќе укинати.
Корисниците кои биле цел на неправедна забрана треба да имаат непречен пристап до играта. Доколку сте меѓу нив и вашиот проблем сè уште не е решен, се препорачува да се јавите во службата за поддршка на корисници на Activision.