Google во последно време донесе многу новости во својата апликација за пораки, а сега, се чини, е подготвена уште една од серијата.
Како што објави SpAndroid, најновата Бета верзија на апликацијата Google Message содржи код кој укажува дека најверојатно работи на функција која овозможува модификација (уредување, едитирање) на пораките.
Четирите знаменца што се појавуваат и се сметаат за индикативни се: bugle.enable_edit_ui, bugle.load_edit_history, bugle.process_outgoing_edits и bugle.process_incoming_edits.
Првиот flag се однесува со UI за функцијата за уредување пораки, второто ви овозможува да ја видите историјата на промените, а третото и четвртото се чини дека се справуваат со промените на двата краја, и кај примачот и кај испраќачот.
Можноста за уредување пораки е веројатно една од најбараните за Google Messages, со оглед на тоа што веќе постои на некои други апликации како Telegram и WhatsApp.