Sony неодамна ја претстави својата најнова mirrorless камера – Sony A9 III.
Со цена од 6.000 долари и 24,6 мегапиксели, најважна работа кај овој модел е новиот затворач.
Поентата е дека A9 III користи „global“ затворач, кој му овозможува да го изложи секој пиксел во исто време, така што нема изобличување ниту на фотографиите, ниту на видеото.
This is the new Sony A9III#sonya9III #sonyalpha pic.twitter.com/Y10ALlWip2
— SonyAlphaRumors (@SonyAlphaRumors) November 7, 2023
Во повеќето mirrorless фотоапарати, постои роло затворач, кој создава слика со изложување ред по ред пиксели, што може да доведе до изобличување.
Овде, A9 III е способен за 4K 120 fps неотсечено видео, 120 fps 14-битно RAW снимање со 192 фрејмови и AF во реално време, синхронизација на блиц при која било брзина на затворачот и максимална брзина на затворачот од 1/80.000 (1/16.000 при континуирано фотографирање).
Во видеото можете да го слушнете вештачкиот звук што блендата на A9 III го „испушта“ со 120 fps. Се разбира, звукот е целосно вештачки, бидејќи нема механички затворач. Сепак, тоа е симпатична функција што можете да ја исклучите.
Поврзани артикли