Платформата за пораки Signal тестира нова функција, која треба повеќе да ја заштити приватноста на корисниците во иднина.

Како што рече технолошкиот експерт Лукаш Олејник, Signal тестира опција која наместо телефонски броеви, ќе го прикажува корисничкото име на корисникот на другите.

„Ова би значело дека луѓето со кои се допишувате не треба да го гледаат вашиот телефонски број“, додаде Олејник.

Како што наведе, ќе можете да го поставите телефонскиот број како „приватен“ и на тој начин да одлучите да не го споделувате со други.

Тој сподели и скриншот од таа функција, каде што пишува дека секое корисничко име има уникатен QR код, како и линк, кој можете да го споделите со вашите пријатели за да започнете да разговарате со нив.