Компанијата Meta соопшти дека ќе воведе стандардно шифрирање за лични повици и пораки преку апликацијата Messenger за „никој, вклучително и Meta, да не може да види што се испраќа или кажува“.
Тоа е големо ажурирање на условите за приватност кои потсетуваат на другата апликација на Meta, WhatsApp, пренесува CNBC.
Шефот на Messenger, Лоредана Крисан, во придружната објава на блогот на компанијата додаде дека ќе биде потребно неодредено време за шифрирање на сите разговори.
Во 2016 година, корисниците добија можност да изберат дали сакаат да ги заштитат своите комуникации преку таканареченото шифрирање од крај до крај (end-to-end encryption), а сега тоа ќе биде стандардна опција.
Оваа промена со објава на социјалната мрежа Facebook ја потврди и извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг и по тој повод му честиташе на тимот за добро завршената работа.
Поврзани артикли