Силниот среден ред според многумина е клучот во денешниот фудбал. Како и обично, она што е во реалноста е речиси непогрешливо пренесено во Football Manager 2024.
Затоа ви пренесуваме краток преглед на тројцата најдобри централни играчи од средниот ред во оваа видео игра.
3. Френки де Јонг – 26 години; цена: 109 милиони долари; плата: 243 илјади долари
Играчите кои имаат завршен пас за кое противниците не го знаат решението, секогаш се одлично засилување за секој тим. Де Јонг е еден таков играч, а со оглед на тоа што има рејтинг во Антиципација 17, добар е и во враќањето на топката.
Веќе не е во цутот на младоста, но не е ни премногу стар – има 26 години, би се рекло, токму вистинската возраст за да биде доволно искусен и сепак да може да ја држи средината на теренот. Ако одлучите да го купите, можеби единственото нешто што би сакале да размислите е малку да ги надградите неговите одбранбени способности.
2. Федерико Валверде – 24 години; цена: 119 милиони долари; плата: 190 илјади долари
Можеби сè уште е малку засенет од Модриќ и Крос, но Валверде е оценет со 17 во темпо, природна фитнес, издржливост и забрзување. Ова е сосема доволно за да биде вредно дополнување на вашиот среден ред.
Ако изберете да игра крило за вас, тој може да го направи тоа, тој ги има сите потребни статистики за да придонесе за вас во таа улога. Со оглед на тоа што има 17 за удари од далечина, тимска работа и стапка на работа, и е доволно млад, тој го има целиот потенцијал да биде еден од најдобрите шут-стопери во светот.
1. Џуд Белингем – 20 години; цена: 133 милиони долари; плата: 349 илјади долари
Имаше ли воопшто сомнеж кој ќе излезе на врвот? Па, малку откривме со насловната фотографија. Во секој случај, веројатно најдоброто засилување оваа сезона има само 20 години, а со рејтинг од 20 за одлучност, не треба ни да размислувате дали ви е потребно – дефинитивно ви треба.
Единственото нешто што може да биде пречка доколку одлучите да го купите Белингем е лудата плата што ја има во Реал Мадрид. Единственото нешто што можеме да го советуваме: пробајте со некој клуб во сопственост на шеици.
Поврзани артикли