Пристигна серијата Honor 100, во обид на кинескиот производител да ги „помрси конците“ со водечките телефони.
Honor 100 е првиот телефон што го има неодамна претставениот чипсет Snapdragon 7 Gen 3, а тука е и Honor 100 Pro. Двата телефони имаат полнење од 100 W и RF чип C1 за подобар сигнал.
Honor 100 има 6,7-инчен OLED екран со резолуција од 1220p и скенер за отпечатоци под панелот. Новиот чипсет на Qualcomm има процесор со едно јадро Cortex-A715 кое оди до 3,15 GHz, потоа три до 2,4 GHz и четири Cortex-A510 јадра до 1,8 GHz. На задната страна има две камери – главна од 50 MP со сензор Sony IMX906, како и ултра широка од 12 MP.
Honor 100 pioneers SD 7 Gen 3, 100 Pro goes up to SD8 Gen 2 https://t.co/BvPihtxe9V pic.twitter.com/hOqAxPozW3
— GSMArena.com (@gsmarena_com) November 23, 2023
Капацитетот на батеријата е 5.000 mAh, а другите функции вклучуваат NFC, звучниот систем Honor Histen, како и MagicOS 7.2 кој е „покриен“ со Android 13. Неговата цена е 320 евра за верзијата со 12/256 GB.
Honor 100 Pro има малку поголем OLED екран (6,78 инчи) и се напојува со чипсет Snapdragon 8 Gen 2. Има исти камери како основната верзија, со додавање на трета резолуција од 32 MP, за која Honor вели дека овозможува „50x зум“.
Батеријата е иста како и основниот модел – 5.000 mAh, а поддржано е и брзо полнење од 0% до 100% од 66″ за 42 минути. Исто така, овој модел има посебен систем за ладење, за кој велат дека е 30% полесен отколку да се користи бакар. Цената започнува од 565 евра.