Коосновачот на Apple, Стив Вознијак, пред неколку дена доживеа мал мозочен удар, но сега се врати дома и се чувствува добро.
Тој беше хоспитализиран поради полесен мозочен удар во Мексико Сити, како што изјави за Њујорк Тајмс, а беше во Мексико за да зборува на Светскиот бизнис форум.
Поради ова, тој ќе мора да ги откаже гостувањата на претстојните симпозиуми, а се започнало кога на сопругата и рекол дека се „чуствува чудно“ по еден говор.
Набргу потоа се појавиле симптоми кои ја загрижиле неговата сопруга, како што пренесува TMZ, повикувајќи се на своите сознанија.
Неколку луѓе од тимот на Вознијак полетаа за Мексико Сити за да ја проценат неговата ситуација од прва рака и да го вратат во САД на понатамошно лекување доколку е потребно.