Western Digital изненадувачки објави дека ќе престане да прави SSD дискови.
Компанијата Western Digital на корисниците им е позната како еден од најголемите светски производители на хард дискови (HDD), а подоцна и на solid state дискови (SSD).
Сепак, деновиве изненадувачки одекна веста дека Western Digital престана да произведува SSD дискови.
Управниот одбор на компанијата одлучи да го подели производството на HDD/флеш меморија и SSD уреди во две посебни производствени единици, кои ќе бидат во рамките на две различни компании.
WD се одлучи на овој потег со цел стратешки да се фокусира на специјализирани производи, како и на понапредни иновации.
Од компанијата посочуваат дека Western Digital веќе е високо позициониран на полето на хард дискови и флеш меморија, а одвојувањето на производството ќе овозможи нови стратегии и ресурси за уште подобар пласман на производите.
Во 2016 година Western Digital ја купи компанијата SanDisk, која беше главен производител на SSD дискови, па се очекува споменатата компанија да продолжи да се фокусира на производство на цврсти дискови, додека WD да произведува хард дискови.
Аналитичарите сугерираат дека Western Digital се одлучил на овој потег поради падот на приходите, кои во текот на оваа година беа за 26 отсто помали од минатата година.
Исто така, имаше проблеми со послабата контрола на квалитетот на уредите SanDisk, па често се случуваше корисниците да пријават грешки на SSD-дисковите и загуба на податоци.
Се очекува во текот на 2024 година да нема повеќе SSD-дискови со брендот Western Digital, како што беше досега, а компанијата да остане во производството на HDD и флеш уреди.
Поврзани артикли