Корисничкиот интерфејс MIUI на Xiaomi добива свој наследник.
So excited about #XiaomiHyperOS, and everything else we’ve got up our sleeve (or in my hand😉). pic.twitter.com/gPifOLEIhk
— Lei Jun (@leijun) October 17, 2023
Во текот на летото оваа година се појави информација дека Xiaomi развива сопствен оперативен систем кој е компатибилен со AOSP (Android Open Source Project). Тој оперативен систем во медиумите беше означен како miOS, но сега за прв пат добиваме официјални информации за новиот оперативен систем, поточно за корисничкиот интерфејс базиран на Android.
Кинеската компанија официјално потврди дека ќе претстави нов оперативен систем наречен HyperOS, кој треба да дебитира на претстојната серија на телефони Xiaomi 14, која треба да биде претставена на крајот на овој месец.
Леи Јун, основачот и извршен директор на кинеската компанија, потврди дека новиот оперативен систем е историски момент за компанијата и дека ќе го има своето официјално деби на водечките серии Xiaomi 14.
Today marks a historic moment. After years of collective work, our new operating system, #XiaomiHyperOS, is set to make its official debut on #Xiaomi14Series. pic.twitter.com/bNJqIyD8y0
— Lei Jun (@leijun) October 17, 2023
Алвин, глобалниот потпретседател на Xiaomi, исто така потврди дека HyperOS ќе биде достапен на глобално ниво во 2024 година. Ова практично значи дека HyperOS постепено ќе го замени MIUI на Xiaomi, кој постои веќе 13 години.
Наводно, Xiaomi работи на HyperOS од 2017 година и е дизајниран за широк спектар на уреди на Xiaomi, вклучувајќи паметни телефони, паметни домашни уреди, автомобили итн. Xiaomi наведува дека новиот оперативен систем ќе се поврзе со целиот екосистем на производи на Xiaomi, со што ќе им олесни на корисниците да ги контролираат и управуваат своите уреди од едно место.
Super excited to share @miuirom big announcement – the all new Xiaomi HyperOS!
It will come preinstalled w/ the latest Xiaomi 14 flagship series & will gradually replace MIUI. Can’t wait for this new era of Hyper Performance, fluidity and connectivity across Smartphones x AIoT! pic.twitter.com/CFGHApjziB
— Alvin @Xiaomi (@atytse) October 17, 2023
Леи Јун објасни во објава на Weibo дека HyperOS се заснова на интеграција на длабоко развиениот Android и системот Vela, кој е развиен од самиот Xiaomi. Xiaomi Vela е IoT софтверски системска платформа базирана на NuttX вграден оперативен систем со отворен код.
Иако Xiaomi сè уште нема објавено никакви фотографии кои го откриваат изгледот на HyperOS, се очекува тоа да го стори во наредните денови.