Вообичаено, неколку дена пред официјалното претставување на телефоните на големите брендови, на платформата Geekbench се појавуваат податоци за нив. Така е и сега, кај популарниот кинески производител.
Станува збор за Xiaomi 14, чии стандардни и Pro варијанти се најдоа на Geekbench неколку дена пред премиерата, која е закажана за 26 октомври.
Xiaomi 14 Pro е наведен со бројот на моделот 23116PN5BC. Базата на податоци споменува матична плоча со кодно име „shenong“ и се состои од две јадра со такт од 2,27 GHz, уште две јадра на 2,296 GHz, три јадра на 3,15 GHz и основно јадро на 3,30 GHz.
Овој опис веројатно одговара на чипсетот Snapdragon 8 Gen 3 кој се очекува да биде претставен подоцна оваа недела. Во него пишува дека ќе има 16 GB RAM, а ќе доаѓа со оперативниот систем Android 14 со бомбастично најавуваниот HyperOS.
Во резултатите од тестот со еден и повеќе јадрен Geekbench, Xiaomi 14 Pro освои 2.150 и 6.892 поени. Во меѓувреме, протечените рендери открија дека Xiaomi 14 Pro ќе има квадратна форма и модул за камера со иста форма, со четири сензори.
Некои други детали ги откриваат леќите на камерата Leica Summilux, сертификатот IP68 за отпорност на прашина и вода, Dolby Vision и Hi-Res Wireless Audio сертификат.