На социјалните мрежи кружи видео од млад човек кој облечен како просјак влегол во продавница на Apple за да купи iPhone 15.
Она што е невообичаено е што младиот човек во оваа прилика со себе донел вреќа со монети, со која наводно имал намера да го плати телефонот.
Посетил неколку локали, а во повеќето не успеал да влезе, бидејќи други му рекле дека „не примаат метални монети“. Сепак, на крајот наишол на продавница каде што имале многу подобра реакција.
Во прашање, како што се испоставува, всушност бил социјален експеримент спроведен од тим од канал на YouTube, а сè се случило во индискиот град Џојпур.
Сопственикот на продавницата кој го прими „просјакот“ и неговите метални монети на крајот го чекаше изненадување. Иако, многумина во коментарите напишаа дека мислат дека сè е инсценирано, 34 милиони луѓе го погледнале видеото на YouTube, а до продавачот биле испратени пораки за поддршка.