Според одредени извори, вклучувајќи го и американскиот Блумберг магазин, регулативите кои влијаат на намалување на јаглеродниот отпечаток на Европа ќе влијаат на намалување на можностите за евтини летови. Иако верувавме дека по заздравувањето од Ковид пандемијата, авио летовите повторно ќе се вратат на нивните ниски цени, можно е тоа да не се случи.

На цените на билетите, може да влијаат и законите за заштита на животната средина на Европската комисија. EU Emissions Trading System (EU ETS), авио компаниите мора да платат надоместоци за емисија за секој Airlines must have enough emissions allowances to cover every метрички тон од јаглероден диоксид кој го испуштаат над Европската Економска област, Велика Британија и Швајцарија. Во моментов, половина од тие надоместоци се бесплатни, но завршува во 2026 година, а дел од надоместоците треба да почнат да ги исплаќаат уште од 2024. Со тоа за помалку од 2 години, трошокот за користење на јаглерод за авио превозниците ќе се дуплира.

Од друга страна, постојат и инцијативи кои треба да ги спречат превозниците да наметнуваат скриени давачки и трошоци и да обезбедат минимална услуга. Сето ова може да влијае на покачување на цената на авио билетите. Сепак, Филип Арсов, во „Што го врти светот“ претстави малку поинакво сценарио. Според него, а поткрепено од IATA, бројот на патници кои се превезуваат со авиони до 2040 година, ќе се дуплира. Според тоа, доколку на светот му оди добро се поголем број на луѓе ќе летаат. Тоа би требало да значи дека цената по патник ќе се намалува.

Повеќе на оваа тема, но и на многу други поврзани со авијација, претприемништво и мотивација, можете да слушнете во најновата епизода од „Што го врти светот“ со Филип Арсов и Јована Аврамовска Николовска.