Јутјуберот JerryRigEverything го стави iPhone 15 Pro Max на истиот тест за издржливост што го дава на другите телефони.
Иако на почетокот изгледаше ветувачки, на крајот се покажа дека предводникот на Apple не се снајде баш најдобро.
Пронаоѓањето начини како паметните телефони да бидат издржливи е приоритет за производителите, како и подобрувањето на перформансите, а Apple е познат по напредокот во оваа област. Нивните телефони обично можат да издржат пад, па дури и со пукнатина овде-онде, повеќето модели на iPhone продолжуваат да работат.
Се чинеше дека iPhone 15 Pro Max го продолжи овој тренд, се додека JerryRigEverything не ја тестираше издржливоста на телефонот, кој потфрли кога јутјуберот му го притисна задното стакло.
Иако JerryRigEverything беше скептичен за тврдењето на компанијата дека телефонот е направен од титаниум, уредот добро се држеше на тестот за гребење. Јутјуберот успеа со нож да го одлепи слојот од страните, но екранот и сите камери одлично се држеа под притисок.
Сепак, критичниот момент беше кога JerryRigEverything реши да го свитка телефонот со рацете за да види што ќе се случи. Иако самиот телефон не попушти, задното стакло речиси веднаш се скрши.
По помалку од секунда притискање на задниот дел од телефонот, стаклото попушти, па иако тоа не влијае на функциите на уредот, сепак не е добро сосема нов телефон да се витка толку лесно, особено за оние кои го чуваат во нивниот заден џеб.