Многу платформи за стриминг презедоа нови мерки за да ги спречат корисниците да споделуваат лозинки.
Нетфликс го прави ова веќе некое време, а сега и Disney+, услуга со 140 милиони претплатници ширум светот, донесе слична одлука.
Минатата година, Disney+ забележа пад на корисниците бидејќи речиси 20 милиони луѓе го откажаа своето членство. Во исто време, компанијата воведе нови планови и ги зголеми цените за некои од нив.
Корисниците во Канада повеќе нема да можат да ги споделуваат своите лозинки и сметки на Disney+ со луѓе надвор од нивното домаќинство, објави „Андроид авторитет“. Корисниците добија мејлови во кои се информираа дека од 1 ноември заедничките сметки ќе бидат ограничени.
Како што рековме претходно, ова е истото што го прави Netflix, што им овозможува на корисниците да плаќаат за дополнителни претплатници кои не живеат во исто домаќинство, иако Disney+ не најави таква функција, па се чини дека имаат малку поостар пристап отколку конкуренцијата.
Мерките засега се најавени само во Канада, а не се знае дали подоцна се планирани и за други земји.