Xiaomi се подготвува да ја претстави серијата Redmi Note 13 Pro, за која компанијата сега откри уште повеќе детали.
Според официјалната страница на Redmi на платформата Weibo, серијата Redmi Note 13 Pro ќе има варијанта со 16 GB LPPDR5 RAM и 512 GB простор за складирање UFS 3.1.
Redmi Note 13 Pro Light Dream Space colour variant.
Will feature a 3.5mm jack, dual speakers, and an IR Blaster.#Xiaomi #Redmi #RedmiNote13Pro #RedmiNote13Series pic.twitter.com/Lro6Iy2Fyv— Mukul Sharma (@stufflistings) September 21, 2023
Станува збор за спецификации, кои најчесто се резервирани за премиум телефони, а не за модели од средна класа.
Во соопштението не е прецизирано дали ќе се работи за телефон Note 13 Pro или Note 13 Pro+, но најверојатно се работи за варијанта „Plus“.
Веб-страницата објави и тизер за брзо полнење од 120 W и батерија од 5000 mAh, што се очекува и кај моделот Plus, додека стандардниот Pro треба да има опција за полнење од 67 W.
Redmi Note 13 Pro+ to feature up to 16GB RAM, up to 512GB storage, 5,000mAh battery, and 120W fast charging.#Xiaomi #Redmi #RedmiNote13ProPlus #RedmiNote13Series pic.twitter.com/F1BJAbqmYF
— Mukul Sharma (@stufflistings) September 21, 2023
Предниот дел на телефонот ќе биде главно рамен, со рамки тенки од 2,27 милиметри и панел со дупка за селфи камерата.
Останува да видиме колку ќе чини серијата Redmi Note 13 Pro и кога може да се очекува на пазарите ширум светот.
Поврзани артикли