Компанијата Caviar е позната по своите преработки на мобилни уреди кои ги продава по високи цени, а сега ја најави и колекцијата наречена Barbiecore.
Станува збор за три уреди, или технички четири, кои го добија розовиот третман со „задолжителното“ злато и дијаманти, и тоа Samsung Galaxy Z Flip 5, како и Apple iPhone 15 Pro, iPhone 15 Pro Max и Watch Series 9, кои се уште не се претставени.
Caviar #Barbiecore custom designs 👀
– Samsung Galaxy Z Fold 5/Flip 5 ($8560)
– iPhone 15 Pro/Max ($7990)
– Apple Watch Series 9 ($1900)Limited editions, 99 units a piece 😁#iPhone15 #SamsungGalaxyZFold5 #Caviar #BarbieTheMovie pic.twitter.com/1dH3mV1Ngh
— Mukul Sharma (@stufflistings) August 21, 2023
Модифицираните телефони вклучуваат амблеми на штикла, додека Z Flip5 доби и вистински пом-пом од вештачко крзно. Гравирањето на петицата на златниот панел е создаден со ласер, а задниот дел е украсен со 49 светкави рубини.
Apple iPhone 15 ќе има 61 Swarovski кристал околу модулот на камерата, додека задниот дел ќе има розова кожа од алигатор. Очекувано, Caviar ќе користи 24-каратно злато за рамката околу камерите, страните и штиклата.
Caviar unveils Barbiecore collection of unreleased Apple iPhone 15 Pro, Watch Series 9#Apple #iPhone #Barbie https://t.co/nytsVhbkpb pic.twitter.com/kuHYJk5Cir
— GIZMOCHINA (@gizmochina) August 21, 2023
Apple Watch Series 9 ќе има куќиште од нерѓосувачки челик со облога од розово злато, златни украсни завртки, тока и ротирачко копче. Нараквицата ќе биде изработена од розова гума, а се уште нема информации дали ќе може да се менува.
Сите три дизајни ќе бидат ограничени на по 99 парчиња. Apple Watch Series 9 ќе чини 1.900 долари, Galaxy Z Flip 5 ќе чини најмалку 8.560 долари, додека цената на iPhone 15 Pro е 7.990 долари. Постои опција за купување на модифициран iPhone 14 Pro по цена од 7.270 долари.