За следниот телефон Galaxy FE кружат различни извештаи веќе неколку месеци. Така дознавме многу детали за неговите спецификации, а телефонот дури осамна и на фотографија во живо. Прашање на време е кога Samsung ќе го објави датумот на претставување на телефонот, а сега знаеме нови детали за него.
Претходно беше откриено дека Samsung Galaxy S23 FE треба да биде лансиран во третиот квартал на 2023 година. Според последните информации, Galaxy S23 FE ќе биде лансиран следниот месец, што се совпаѓа со претходните гласини.
The #GalaxyS23FE is coming soon!https://t.co/yjszVD7x5m
— 91mobiles (@91mobiles) August 24, 2023
Така, конечно, следниот месец треба да биде претставен наследникот на телефонот Samsung Galaxy S21 FE, кој беше претставен на почетокот на минатата година. Значи, помеѓу претставувањето на овие два телефони ќе поминат околу 20 месеци.
Спецификациите на овој телефон протекоа уште еднаш. Samsung Galaxy S23 FE ќе има 6,4-инчен AMOLED екран со брзина на освежување од 120 Hz. Под екранот ќе се најде скенер за отпечатоци, додека под капакот на телефонот ќе биде поставена батерија од 4500 mAh со поддршка за брзо полнење од 25 W.
Овој телефон ќе пристигне со две верзии на процесорот. Така, моделот Exynos 2200 ќе пристигне во Европа, додека Galaxy S23 FE со чип Snapdragon 8+ Gen 1 ќе пристигне на пазарот во САД.
Samsung Galaxy S23 FE
– 6.4" FHD+ Dynamic AMOLED, 120Hz
– Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 / Exynos 2200
– 50MP (OIS) + 8MP + 12MP (Tele)
– Selfie: 10MP
– Android 13, One UI 5.1
– 4,500mAh battery, 25W Charging
– 4+5 years support
– wireless charging, IP ratingSeptember release
— Yogesh Brar (@heyitsyogesh) August 23, 2023
На задната страна телефонот ќе има три камери со главен сензор од 50 MP кои ќе пристигнуваат со OIS поддршка. Покрај него, телефонот ќе има ултра широк сензор од 8MP и телефото сензор од 12MP на задната страна, додека на предната страна ќе има селфи камера со сензор од 10MP.
Galaxy S23 FE ќе се испорачува со Android 13 и One UI 5.1 и ќе добие четири главни надградби на Android и пет години безбедносни ажурирања.