Компанијата Realme се подготвува да претстави нов водечки телефон од својата палета.
Тоа ќе биде Realme GT5, а сега ги знаеме клучните спецификации на овој телефон, како и како ќе изгледа.
Пред неколку дена Realme на својот официјален профил на Weibo објави дека Realme GT5 ќе биде следниот водечки телефон на компанијата и дека ќе биде претставен во август во Кина.
8Gen2
24GB* RAM
240W/150WRealme GT5 is cooking! pic.twitter.com/5Ik9IK0D1S
— Paras Guglani (@passionategeekz) July 28, 2023
Фотографија од овој телефон објави и популарниот дојавувач Digital Chat Station. Така, таа ни открива дека Realme GT5 ќе има дупка на горниот дел од екранот каде што ќе се наоѓа предната камера. На десната страна на телефонот го забележуваме копчето за контрола на јачината на звукот и копчето за вклучување и исклучување на уредот.
За жал, бидејќи телефонот има заштитна обвивка и е прикажан од напред, немаме поглед на задната страна на овој уред.
Претходните гласини укажуваа дека Realme GT5 ќе се напојува со чипсет Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2, кој наводно ќе пристигне поврзан со до 24 GB RAM.
Покрај тоа, се вели дека Realme GT5 пристигнува во две верзии кога станува збор за брзината на полнење. Едната верзија на уредот наводно ќе поддржува брзо полнење од 240 W, додека другата верзија ќе пристигне со поддршка за брзо полнење од 150 W. Ова всушност би било идентично со минатогодишниот телефон Realme GT Neo 5, кој пристигна во гореспоменатите две верзии за полнење.
Наводно, смартфонот Realme GT5 ќе биде опремен со 6,67-инчен OLED екран со 1,5K резолуција (1240 x 2772 пиксели), додека стапката на освежување ќе биде висока 144 Hz.
Realme GT5, наводно, ќе пристигне на глобално ниво како Realme GT Neo 6.