Популарниот сервис за стриминг Netflix ја ажурираше функцијата за пренос, односно трансфер на профили за да овозможи префрлање на постоечка сметка наместо создавање нова сметка.
Функцијата „Profile Transfer“ беше имплементирана во октомври 2022 година и беше опишана на следниов начин: „Луѓето кои се движат. Семејствата растат. Односите и врските завршуваат. Но, за време на овие животни промени, вашето искуство со Netflix треба да остане исто. Денес го лансираме Profile Transfer, функција која им овозможува на луѓето кои ја користат вашата сметка да го префрлат својот профил – задржувајќи ги персонализираните препораки, историјата на гледање, My List, зачуваните игри и други поставки – кога ќе започнат со сопствено членство.
Повеќето од горенаведените останаа исти, па сè уште е можно да ги задржите сите ваши персонализирани податоци, но со едно практично дополнување. За да се изврши преносот, повеќе не е неопходно да се креира нова корисничка сметка на Netflix, туку преносот може да се изврши и на постоечка сметка.
При префрлање на профил, потребно е да се има предвид дека доколку корисникот не живее во исто домаќинство, но сепак сака да го префрли својот профил, ќе биде додаден како дополнителен член и ќе му се наплаќа месечна претплата.