Паметните часовници се еден од најпопуларните гаџети на пазарот, а според една неодамнешна студија, тие би можеле да направат револуција во раното откривање на Паркинсоновата болест.
Британскиот институт за истражување на деменција при Универзитетот во Кардиф спроведе револуционерна студија. Користејќи вештачка интелигенција и анализирајќи податоци од над 100.000 корисници на паметни часовници, истражувачите можеа да го предвидат развојот на Паркинсоновата болест до седум години пред почетокот на симптомите. Клучот за нивното предвидување лежи во следењето на брзината на движење на учесниците во текот на една недела помеѓу 2013 и 2016 година.
Се разбира, ова се рани информации од студијата, па затоа се потребни уште многу студии за да се потврди нејзината точност преку споредување на наодите со податоци од целиот свет. Објавена во списанието Nature Medicine, студијата ја нагласува потребата од опсежни истражувања за да се потврдат овие наоди.
Паркинсоновата болест се карактеризира со прогресивна дегенерација на мозочните клетки во долг период. Класичните симптоми вклучуваат тресење (тремор), бавност на движењето (брадикинезија), вкочанетост и абнормално држење на телото. За жал, до моментот на поставување на дијагнозата, често веќе се случува неповратно оштетување.
Околу 30% од населението во Обединетото Кралство користи паметни часовници, што секако е добра работа бидејќи нуди добар начин за рано откривање на Паркинсоновата болест.
Студијата се базира на податоците од британската Биобанк, обемна здравствена база на податоци која опфаќа повеќе од половина милион поединци. Д-р. Кетрин Пил, истражувач вклучен во студијата, изрази уверување во точноста на моделот, наведувајќи дека може да ја разликува Паркинсоновата болест од другите состојби кои влијаат на движењето, како што се возраста и изнемоштеноста.
Потенцијалното влијание на ова истражување лежи во фактот дека тоа во голема мера ќе го забрза развојот на терапии кои можат да ја забават прогресијата на Паркинсоновата болест.