По поплавите што го зафатија градот Делчево, кои предизвикаа тешкотии во секојдневието на граѓаните и функционирањето на самата општина, Credissimo беше меѓу првите приватни компании кои донираа парични средства, а со тоа ја покажаа својата поддршка кон заедницата и самоиницијативно се обратија до Општина Делчево со цел да помогнат за намалување на негативните последици од оваа природна катастрофа.
Преку својата донација, Credissimo ќе даде свој придонес со цел да се помогне во санирањето на штетите, односно да се даде поддршка за побрзо санирање на направените штети во Делчево. Главниот фокус е ставен на обновување на инфраструктурата и санирање на настанатите штети.
Оваа акција на Credissimo ја потврдува посветеноста кон граѓаните низ целата држава. Од пожарите кои го опустошија тој дел од државата во 2021 година,до донации од здравствен и образовен карактер, Credissimo секогаш се вклучува и поддржува иницијативи кои се насочени за доброто на сите.
„Секоја донација од Credissimo има за цел да го истакне значењето на социјалната одговорност и да создаде позитивна промена во заедницата, а најмногу да ги поттикне сите кои се во можност да го направат тоа. Ние сме среќни што можеме да бидеме дел од помошта кон луѓето кои имаат потреба и да ги поддржиме во процесот на опоравување од штетите“, изјавија од Credissimo.
„Изразуваме голема благодарност до Credissimo, за покажаниот самоиницијативен интерес да се вклучат со донација за да ја потпомогнат нашата општина во овој тежок период, кога заради временските неповолности беа нанесени големи материјални штети“, изјавија од Општина Делчево.
Credissimo секогаш ја користи можноста да изрази благодарност до сите волонтери, институции и приватни компании кои се дел од помагањето по ваквите природни непогоди. Апелираат дека со заеднички сили, напори и соработка, може полесно да се надминат овие предизвици.
Поврзани артикли