Иако не е откриено кога точно Quest 3 ќе биде достапен за јавноста, Мета истакнува дека тоа ќе се случи „оваа есен“.
Шефот на Мета, Марк Цукерберг, побрза во пресрет на најавената презентација на уредот на Apple за проширена реалност и ја најави новата генерација на уредот на Мета – Meta Quest 3.
Иако не откри точно кога Quest 3 ќе биде достапен за јавноста, Мета истакнува дека тоа ќе се случи „оваа есен“.
Quest 3, според најавата, ќе чини 499 долари и ќе има повисока резолуција, подобри перформанси, револуционерна технологија Meta Reality и потенка, поудобна форма.
Како што истакна, Quest 3 ќе има екран со најголема резолуција меѓу претходните модели на Quest и рафинирана оптика, а за стартување ќе го користи чипот од новата генерација на Snapdrag, кој, како што вели, е развиен во соработка со Qualcomm. Иако не прецизираше за кој чип станува збор, тој треба да обезбеди повеќе од двојно поголеми графички перформанси од претходната генерација на Snapdragon GPU во Quest 2.
„Благодарение на нашиот напредок во технологијата за следење, ги отфрливме надворешните прстени за следење, така што контролорите се чувствуваат како поприродно продолжување на вашите раце и заземаат помалку простор. Исто така, вклучивме и TruTouch хаптици, кои првпат дебитираа во Touch Pro уред, да ви помогне да ја почувствувате акцијата како никогаш досега“, наведуваат од Мета.
Цукерберг вети повеќе детали за чипот, уредот Quest и други новости од Мета на конференцијата за виртуелна реалност Meta Connect, која ќе се одржи на 24 септември.
Поврзани артикли