НЕПТУН Македонија и годинава организира голем гејминг настан, со високо професионална техничка поддршка, кој ќе се одржи пред продавницата на Нептун во Ист Гејт Мол, на 10-ти и 11-ти јуни.

За сите присутни ќе биде организирана супер забава и дружење, ќе бидат доделени многу вредни награди за сите натпреварувачи. Сите гејмери, сите „зависници“ од адреналин, а особено фудбал фановите, се повикани на предизвикот од Нептун, ФИФА 2023.

Главна награда за победникот е ЛАПТОП ASUS TUF Gaming F15 RTX 3050 4GB.

Пријавувањето е до 05.06.2023, со пополнување на апликацијата која се наоѓа на следниот линк

Средствата од котизацијата ќе бидат донирани во СОС Детско село.

ПР Текст