Видео играта Lifespace Traveler од Босна и Херцеговина, создадена од Дино Трнка, победи на Светското првенство за развој на игри 2022 година на 22 април.
Го освои првото место во категоријата избор на публиката за најдобра независна видео игра.
Според организаторите, тоа беше категоријата во која конкуренцијата беше најсилна, а победата во неа беше најтешка.
Thanks to YOUR votes, Lifespace Traveler has WON 1st place in the Indie Fan Choice category!
Thank you so all much for your support! 😊🤗😁🙌#indiedev #competition #gaming #UnrealEngine #gdwc https://t.co/3BDUyhG2nv
— Lifespace Traveler (@LifespaceT) April 22, 2023
Видео играта на Трнка, која се подготвуваше четири години, успеа да се истакне над другите игри и да и донесе победа на Босна и Херцеговина.
„Убаво е чувството после се“, рече Трнка. „Конкуренцијата беше силна, особено во категоријата во која влегов. Многу сум среќен, поради неколку причини. Пред се, оваа победа ќе ми даде поголема видливост за самата игра. Исто така и самите награди и патување во Финска, кога ќе имам можност да посетам компанија која развива видео игри.Ова е потврда дека е можно да се успее со ваков проект на кој работев самостојно четири години. Сето ова е отскочна штица, бидејќи сакам да продолжам да се подобрувам“, изјави Трнка.
Наградата ќе и овозможи на Дино да ги посети најдобрите фински компании кои се занимаваат со создавање видео игри, како и лиценци за различни софтверски пакети.
Тоа е сајберпанк акциона игра полна со возбуда, лесна за учење, но предизвикувачка за совладување. Играта бара брзи рефлекси, трпение и концентрација. Затоа, е наменета за играчи кои сакаат да ги тестираат своите рефлекси во брзи и непредвидливи предизвици додека ги откриваат тајните на мрачниот дистописки свет. „Сакам луѓето да уживаат во играњето мои видео игри исто како што јас уживам во оние што некој друг ги создал“, рече Трнка.
Оваа игра ќе биде достапна за јавноста на платформата Steam на крајот на јуни 2023 година.
Game Development World Championship 2022 или скратено GDWC, е отворен светски натпревар за развој на игри чија цел е да ги истакне новите таленти. Натпреварот се одржува веќе 10 години, а на него учествувале повеќе од 25.000 програмери од 145 различни земји, а само во 2022 година учествувале повеќе од 3.600 регистрирани игри. Досега се доделени награди во вредност од над половина милион долари.
Поврзани артикли