„Ние ќе се движиме се повеќе и повеќе во насока на приоритизирање на приватноста на корисниците со цел да ги направиме моделите супер усогласени: да го прават она што сакате тие да го прават“, рекоа од OpenAI.
OpenAI воведува „инкогнито режим“ за својот чет-бот ChatGPT кој не ја складира историјата на разговори на корисниците и не ја користи за да ја подобри својата вештачка интелигенција. Стартапот исто така планира да воведе претплата „ChatGPT Business“ со дополнителни контроли на податоци.
Овој потег доаѓа откако започна дебатата за тоа како точно ChatGPT и другите чет-ботови управуваат со стотици милиони кориснички податоци, кои обично се користат за подобрување или обука на вештачката интелигенција.
Блокиран во Италија
Италијанскиот регулатор за заштита на податоците привремено го блокираше пристапот до ChatGPT и започна истрага за, како што вели, незаконско собирање лични податоци и непроверување на статусот на малолетниците. OpenAI може да ја продолжи услугата доколку ги исполнува барањата како што е давање алатки на потрошувачите да се спротивстават на обработката на нивните податоци. Италија не е единствената земја – Франција и Шпанија исто така почнаа да ја разгледуваат услугата.
Мира Мурати, главен директор за технологија на OpenAI, рече дека компанијата е во согласност со европскиот закон за приватност и работи на смирување на регулаторите. Таа додаде дека новите функции не се резултат на италијанската забрана за ChatGPT, туку повеќемесечниот напор да се стават корисниците „на возачкото место“ во однос на собирањето податоци.
Приватноста на прво место
„Се повеќе ќе се движиме во насока на приоритет на приватноста на корисниците со цел моделите да бидат супер усогласени: да го прават она што го сакате“, рече Мурати.
Николас Турли од OpenAI ја спореди новата функција со анонимниот режим на интернет прелистувачите. Тој нагласи дека компанијата сепак ќе ги задржи разговорите 30 дена за да ја следи злоупотребата пред трајно да ги избрише.