Платформата за онлајн запознавање Tinder ќе престане да работи во Русија до 30 јуни, објавено е на веб-страницата на компанијата Match Group.
„Нашите брендови преземаат чекори за ограничување на пристапот до нивните услуги во Русија и ќе го завршат своето повлекување од рускиот пазар до 30 јуни“, се вели во соопштението, пренесе Тасс.
Tinder работи преку мобилни апликации за паметни телефони.
Match Group, покрај Tinder, ги поседува и Match.com, Meetic, OkCupid, Hinge, PlentyOfFish, Ship и OurTime.
Поврзани артикли