Француското тело за заштита на приватноста соопшти дека истражува неколку жалби против ChatGPT откако апликацијата беше забранета во Италија.
Француската агенција за заштита на приватноста изјави за Ројтерс дека добила неколку поплаки за апликацијата ChatGPT и дека ги истражува.
Претходно, шпанската агенција за заштита на податоци AEPD побара од Европскиот комитет за заштита на податоци да ги истражи наводите против апликацијата ChatGPT во сопственост на OpenAI.
„АЕПД разбира дека глобалните операции за обработка кои можат да имаат значително влијание врз правата на поединците бараат координирани одлуки на европско ниво“, изјави АПЕД за Ројтерс.
Оттаму додаваат дека токму поради тоа побарале прашањето за ChatGPT да се отвори на следната пленарна седница на Европскиот комитет за заштита на податоците.
Кон крајот на март, италијанската агенција за заштита на податоци објави дека отворила истрага за апликацијата ChatGPT на Open AI поради сомневање за прекршување на правилата за собирање податоци на корисниците и како резултат на тоа привремено ја ограничила употребата на личните податоци на италијанските корисници.