Амазон ја забрани продажбата на уредот Flipper Zero на својата платформа поради фактот што тој наводно се користи за кражба на информации од банкарски картички.
Flipper Zero изгледа како играчка за деца. Но, уредот може да се користи за извршување на задачи.
Може да се користи за отворање на врати од гаража, промена на знаци за цени на бензинска пумпа, отклучување на вратите на автомобилот, пресретнување на сигнали со Bluetooth, па дури и за пристап до нечиј компјутер.
Вирално на TikTok
Уредот стана вирален на TikTok минатата година, при што корисниците покажаа како слаткиот мал гаџет може брзо да ги претвори во хакери. Можно е да се користи уредот за читање броеви на кредитни картички преку паричници и панталони, пишува Gizmodo.
Како што уредот растеше во популарност, Амазон одлучи дека не сака ништо да има со него.
Flipper Zero banned by Amazon for being a ‘card skimming device’ – @sergheihttps://t.co/x31FPn7QLP
— BleepingComputer (@BleepinComputer) April 7, 2023
Уредот повеќе не може да се најде на нивната веб-страница, а додека сè уште беше достапен имаше известување кое гласеше: „Овој производ е идентификуван како уред за скенирање картички. Правилата на Амазон забрануваат продажба или наведување на уреди за „симнување“ картички. Овој потег го преземавме бидејќи овој производ не е дозволено да се продава на Amazon.com“.
Иако Flipper Zero повеќе не е достапен на Амазон, сепак може да се купи директно од веб-страницата на компанијата за 169 долари.
Поврзани артикли