Засега се е на ниво на дискусија, но доколку регулаторите откријат некакви неправилности, италијанското сценарио за ChatGPT би можело да се повтори и во остатокот од ЕУ.
Откако Италија одлучи привремено да го забрани пристапот до ChatGPT за своите граѓани, додека не се разјаснат прашањата за безбедноста и обработката на приватните податоци, реагираше и Европската унија.
Поточно, нејзиниот орган за заштита на податоци (EDPB) објави дека е формирана работна група посветена на прашањата околу ChatGPT. Како што наведуваат, EDPB одлучи да формира посебна работна група за поттикнување на соработка и размена на информации за можните активности што би можеле да ги преземат органите за заштита на податоците.
Во краткото соопштение за медиумите истакнаа дека ќе овозможат „размена на информации“ за можни потези на одредени тела за заштита на податоците во регионот.
Да потсетиме, откако италијанскиот регулатор Garante првично го обвини OpenAI, кој го лансираше ChatGPT, дека ја нарушува нивната приватност со прикажување на насловите на разговорите на корисникот на други корисници, изнесена е серија барања што OpenAI мора да ги исполни за Италијанците да можат да ја користат овој популарен chatbot.
Покрај италијанскиот и шпанскиот орган за заштита на податоци, работата и функционирањето на ChatGPT се следи со особено внимание, па затоа е побарано од членовите на EDPB да разговараат за потенцијалните импликации на ChatGPT врз приватноста на следниот состанок.