Мета секојдневно ги надградува своите апликации со нови функции и карактеристики. Една од нив наскоро доаѓа на Инстаграм.
Инстаграм развива нова функција наречена „Најнови споделувања“ (Latest shares) за да го поедностави процесот на наоѓање и повторно споделување на Reels кои претходно биле испратени до пријателите во директни пораки (DM).
Оваа информација првично беше објавена на Твитер, за подоцна да биде потврдена од портпаролот на Мета за TechCrunch.
Фотографија споделена на сметката на Twitter на Dijital Aglar ја покажува функцијата Latest shares што се појавува на врвот на DM. Според извештајот на TechCrunch, цитиран од Мета, кратко видео кое е споделено повеќе пати ќе се појави само еднаш, со аватарот на последниот примач.
Instagram is testing showing the latest posts you send to a friend as a preview.
cc/ @MattNavarra
(iOS – Latest version – Türkiye) pic.twitter.com/0dd27PODaH
— Dijital Ağlar (@yousufortaccom) March 5, 2023
Она што засега останува нејасно е дали функцијата „Најнови споделувања“ ќе вклучува објави што не се на „Reels“. Сè уште нема информации кога оваа функција ќе биде достапна за повеќе корисници на Инстаграм, бидејќи моментално е достапна само за мал број тестери.
Неодамна, Instagram се повеќе се фокусира на кратки видеа (Reels), во обид да се натпреварува со TikTok.
Неодамна беше откриено дека компанијата ќе објави и функција „Тивок режим“, која има за цел да им помогне на корисниците да се одморат од апликацијата. Оваа функција, кога ќе се активира, ќе ги замолчи дојдовните известувања и ќе ги извести вашите следбеници дека моментално сте неактивни на апликацијата.
Овој потег доаѓа откако Инстаграм се најде на удар на законодавците загрижени за потенцијалната штета што социјалните медиуми ја имаат врз животите на луѓето, особено младите. Функцијата за тивок режим не е тука само за да ги принуди корисниците да се одморат од апликацијата, туку и да се фокусираат на реалниот свет и луѓето околу нив.
Поврзани артикли