Минатата недела во Скопје се одржа годишниот настан за доделување на признание на најголемите донатори и поддржувачи на СОС детско село.
Под мотото „Едно семејство” и слоганот „Лесно е да чиниш добро, кога многумина помагаат”, на едно место повторно се собраа сите пријатели, поддржувачи, компании и индивидуалци кои и во изминатата година несебично ги поддржаа трудот, посветеноста и љубовта со која СОС детското село работи повеќе од 20 години.
Покровителка на настанот беше Првата дама на РСМ, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска , а компанијата Зегин традиционално и оваа година се стекна со благодарница за помошта и пријателството со СОС детско село во изминатата година, пријателство кое со сигурност ќе продолжи и во иднина.
Општествената одговорност треба да биде приоритетна мисија на сите компании и поединци, а од компанијата Зегин велат дека овие настани треба да бидат поттик и за останатите компании да се приклучат кон ваквите иницијативи, бидејќи само на тој начин може да се создаде општество кое ќе функционира како едно семејство.
ПР Текст
Поврзани артикли